вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Објавени повиците за субвенции за граѓаните за купување велосипеди и електрични тротинети во 2022 година

Објавени повиците за субвенции за граѓаните за купување велосипеди и електрични тротинети во 2022 година

Град Скопје денеска објави Јавни повици за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2022 година, како и за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2022 година.

Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди и електрични тротинети, со што би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50% од вредноста на велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

За електричните тротинети, средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Подетални информации за условите, начинот на пријавување на јавниот повик, начинот на спроведување на Јавниот повик и начинот на остварување на правото на надоместок граѓаните ќе можат да ги најдат на веб-страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Покрај информациите, граѓаните ќе можат на интернет страницата на Градот Скопје: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/ да го симнат образецот за Барање за субвенција за купување, како и образецот Изјава која треба да се завери на нотар.

Јавните повици и сите потребни документи сите заинтересирани можат да ги најдат и преземат на следниот линк –

https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/

Јавните повици ќе траат заклучно со 01.11.2022 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

За повеќе информации во врска со јавните повици, заинтересираните граѓани може да се обратат во Секторот за заштита на животната средина на Град Скопје на телефонскиот број 02/3297- 303, како и на бројот 02/3207 548.