вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Од 1 јануари по 5.000 денари за секое новороденче во општина Гази Баба

Од 1 јануари по 5.000 денари за секое новороденче во општина Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски реализираше дадено ветување.

Од идната година за секое новороденче во општината ќе бидат доделени по 5.000 денари.

-Од 01.01.2022 година секое семејство кое ќе има новороденче, ќе добие еднократна парична помош од 5000 денари. Ќе се доделуваат 5000 денари за секое ново родено дете, средства од буџетот на општина Гази Баба, пишува Стефковски на Фејсбук.