Одржувањето на чисто и уредно Скопје е еден од предусловите за намалување на загадувањето и живот по поздрава животна околина.
Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина, со кој се соочува Градот Скопје, е нарушениот квалитет на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно одржување на оџаците.
Затоа редовниот годишен повик за субвенции за одржување на оџаците на домовите, почнува денеска (22.06.2022 година), вклучувајќи ги реализираните активности за чистење оџаци од 01.01.2022 година заклучно со 30.11.2022 година, односно до искористување на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2022 година.
Субвенциите се однесуваат на жителите на град Скопје (општини Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај), а субвенциите се валидни за чистење на оџакот на истата адреса по личната карта или деловен субјект.
Со цел да учествува на јавниот повик потребно е да се исполнат следните услови:
– Да е жител на подрачјето на град Скопје (општините во градот: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај);
– Адресата на реализираното чистење да се совпаѓа со адресата од важечка лична карта на барателот дадена при пополнување на електронската апликација на интернет страницата на Град Скопје ;
– Чистењето на оџакот да е извршено од стручно лице вработено во фирма што е регистрирана со шифра на дејност 81.22 согласно со Националната класификација на дејност;
– Објектот каде што ќе биде чистен оџакот да не е во фаза на градба;
– Да поседува оригинална фискална сметка за извршено чистење на оџакот со датум од 01.01.2022 година се до исцрпувањето на средствата од буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2022 година;
– Да поседува оригинална потврда издадена од оџачар за извршено чистење на оџак со датум од 01.01.2022 година се до исцрпувањето на средствата од буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2022 година.
За надоместување на дел од трошоците за одржување и докажување дека критериумите за учество се исполнети, барателот е должен да ја поднесе електронски преку интернет страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk или директно на линкот https://www.uslugi.skopje.gov.mk следната документација:
– Пополнување на апликацијата за субвенција со личните податоци ќе биде електронски достапно преку: интернет страницата на Град Скопје: www.skopje.gov.mk или директно на линкот https://www.uslugi.skopje.gov.mk;
– Доказ за лична сметка: со прикачување на скенирана лична трансакциска сметка на име на барателот;
– Прикачена скенирана оригинал фискална сметка за извршено чистење ;
– Прикачена скенирана оригинал потврда од оџачар за извршено чистење на оџакот.
За учество на јавниот повик, лицата кои веќе се имаат регистрирано на https://www.uslugi.skopje.gov.mk , немаат потреба да креираат нов профил и преку постоечкиот можат веднаш да го поднесат нивното барање .
Максималниот износ на субвенцијата изнесува 1200 денари, а персоналниот данок на доход е на товар на Град Скопје.
Повеќе информации за јавниот повик на македонски јазик на линкот –
www.skopje.gov.mk/media/8811/јавен-повик-оџаци-2022-мк-juni-2022-медиуми.pdf
Повеќе информации за јавниот повик на албански јазик на линкот –
https://skopje.gov.mk/media/8813/thirrje-publike-p%C3%ABr-subvencionimin-e-amvis%C3%ABrive-t%C3%AB-qytetar%C3%ABve-n%C3%AB-territorin-e-qytetit-t%C3%AB-shkupit-p%C3%ABr-kompensimin-e-nj%C3%AB-pjese-t%C3%AB-shpenzimeve-p%C3%ABr-pastrimin-e-oxhaqeve-p%C3%ABr-vitin-2022.pdf
Барањето за апликација за субвенцијата можете да се превземе од интернет порталот на Град Скопје на следниот линк – https://skopje.gov.mk/media/8812/%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BE%D1%9F%D0%B0%D1%86%D0%B8-2022.doc