вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Од денеска почнува проектот Скопје 24 часа во служба на граѓаните

Од денеска почнува проектот Скопје 24 часа во служба на граѓаните

Град Скопје од денеска ја става во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] како чекор кон транспарентно управување за Скопје 24 часа во служба на граѓаните. Од Град Скопје информираат дека на оваа електронска адреса граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација ќе биде задолжена да одговори на барањата на граѓаните.

– Во моментов се вршат последните подготовки за ставање во функција и на Канцеларија за комуникација со граѓаните која ќе биде отворена 24 часа за нивните потреби, а целиот процес ќе се одвива етапно во следните три недели, посочуваат од прес-службата на Град Скопје.

Оттаму додаваат дека Град Скопје ќе се трансформира во град со целосно дигитализирана администрација, а јавните услуги, како што велат, ќе бидат брзи, ефикасни и транспарентни. (МИА)