среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ОД ЛИЦЕ МЕСТО: Први фотографии од пожарот на Водно

ОД ЛИЦЕ МЕСТО: Први фотографии од пожарот на Водно
ФОТО: Пожарна Скопје

Пожарна Скопје на Фејсбук објави фотографии од пожарот кој денеска избувна на Водно.

ФОТО: Пожарна Скопје

Како што претходно објави Курир, според изјавата на командирот на скопската противпожарна бригада, Владимир Симоновски пожарот на Водно наскоро ќе биде целосно изгаснет.

На терен интервенираат со три против пожарни возила и активно работат на целосно гаснење на пожарот и да не се дозволи негово проширување.

ФОТО: Пожарна Скопје

Локациски, пожарот е под местото „Марково крувче“, односно како што објасни Симоновски во долот под новиот пат за Сончев Град, Сопиште. Симоновски во изјавата за Курир, вели дека теренот е делумно пристапен со возило, а потоа продолжуваат пешки.

ФОТО: Пожарна Скопје
ФОТО: Пожарна Скопје