Со прекрасно подготвена приредба, пред поголем број гости, меѓу кои и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, на свечен начин го одбележа 14-тиот патронен празник и 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев.
Градоначалникот Георгиевски честитајќи им го патрониот празник на вработените, истакна дека градинката „Гоце Делчев“ уште од самото постоење претставува пример и репер за другите како треба да функционира една институција. Ова мислење за детската градинка го делат и граѓаните, односно оние најзасегнатите, а тоа се родителите.
На приредбата учествуваа дечињата од групите Пеперутка, Пепелашка, Црвенкапа, Верверичка и Срничка, кои низ песна и игра се потрудија да ја разбудат еколошката свест, за што беа наградени со бројни аплаузи од присутните.