ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров продолжува со теренската активност „Твојата идеја – за заедничка програма“ во рамките за претстојните локални избори кои што треба да се одржат во октомври оваа година.
ТВОЈАТА ИДЕЈА – ЗА ЗАЕДНИЧКА ПРОГРАМА
Теренското собирање на идеи и предлози од граѓаните во најсилно темпо !
Денеска бевме во населбите Даме Груев и Хром.
Разговаравме со граѓаните за проекти кои ќе бидат дел од програмата на ВМРО – ДПМНЕ за локалните избори.
Во наредниот период ќе посетиме многу семејства и домови, ќе оствариме многу средби со цел да изнајдеме најдобри решенија за проблемите на нашите сограѓани.
Ќе бидеме на улиците, помеѓу нашите соседи, на пазарите, маркетите, збирните места.
ВМРО – ДПМНЕ ќе ја извади најдобрата, најобемната и најдеталната програма со која ќе ја добие довербата на граѓаните на Ѓорче Петров кои потоа во целост ќе биде реализирана.
Ѓорче Петров ќе биде модерна, урбана и развиена општина, стои во Фејсбук објавата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.