вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Опремен нов кабинет по програмирање во средното општинско училиште во Илинден

Опремен нов кабинет по програмирање во средното општинско училиште во Илинден

Опремен е нов кабинет во  Средното општинско стручно училиште  „Илинден“- Илинден, кој е наменет  за потребите на учениците по предметот  програмирање, уредување на веб страни, автоматика, мултимедија, како и за потребите на останатите стручни предмети.

Набавени се 28 мини десктоп компјутери i5, со исто толку монитори, тастатури и мауси.  Сите компјутери се со лиценциран Windows 11 Professional.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски го посети средното училиште и истакна дека локалната самоуправа континуирано  работи на обезбедување квалитетни услови во образованието и успешно реализирање на  образовниот процес, затоа што една од најзначајните области за развој на општина Илинден е инвестирањето во образованието.

Користењето на новата информатичка опрема ќе овозможи поуспешно реализирање на образовниот процес преку примена на нова и напредна информатичка техника и технологија,  а учениците ќе можат да ги продлабочат и прошират своите знаења, вештини и умеења во квалификациите Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Електротехничар за електроника и телекомуникации.