понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Аеродром инвестира во капитални проекти за граѓаните, фокусот е ставен на зелен и хуман развој на општината

Општина Аеродром инвестира во капитални проекти за граѓаните, фокусот е ставен на зелен и хуман развој на општината

Транспаретност, ефикасност и оптимизација на трошоци. Во изминатата година Општина Аеродром покажа дека инвестира и се грижи за граѓаните, но и со оптимизација на трошоците и домаќинско работење заштедува средства и вложува во нови капитални проекти и инвестиции.

Овој начин на работа продолжува и во наредниот период. Општина Аеродром во моментов го проектира буџетот за 2023 година во кој планираме инвестиции во неколку важни и капитални проекти. Проектирање и почеток на изградбата на две детски градинки и изградба на нов плоштад зад Капитол, доградба и надградба на две училишта и нови паркови во Аеродром се само дел од капиталните проекти кои ги најавуваме на следната година.

-Важно е да се спомене дека фокусот ставен на зелен и хуман развој на општината продолжува и во следниот период со многу поголем интензитет и диманика. Тоа подразбира дека сите нови објекти кои Општина Аеродром ќе ги изгради во следниот период ќе имаат систем за енергетска обновливост и енергетска ефикасност.Општината ги намалува непродуктивните трошоци и вложува во капитални проекти. За првпат Општина Аеродром следната година ќе издаде „зелена обврзница“ која ќе биде поддршка во реализација на капиталните инвестиции во време на економска и енергетска криза. Следната 2023 година ќе биде година на интензивни капитални инвестиции. Граѓаните на Аеродром заслужуваат модерна и развиена општина. Општина во која се инвестира, се градат капитални проекти. Општина во која се реализираат голем број проекти и каде европските стандарди интензивно се реализираат и имплементираат, за што говори и последното признание кое Аеродром го доби од страна на Советот на Европа, информираат од општината.