понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Аеродром ја одбележува Европската недела на мобилност

Општина Аеродром ја одбележува Европската недела на мобилност

Со објавување на повикот за доделување субвенции за електрични тротинети и велосипеди, како и низа активности во детските градинки и основни училишта, Општина Аеродром е една од шесте општини од Македонија кои се вклучија во одбележување на Европската недела на мобилност, која традиционално се одбележува секоја година во текот на септември.

Целта на годинешното одбележување на Европската недела на мобилност е полесно и подлабоко да се разбере културата на одржливост и мобилност со активности кои се организираат во повеќе од 3500 општини и градови во светот, поттикнувајќи ги луѓето да пешачат, користат велосипеди и јавен транспорт.

Изминатите неколку денови во детските градинки и основните училишта, дечињата зедоа учество во различни активности кои имаа цел да го подигнат знаењето и свеста за алтернативните начини на превоз и зачувување на животната средина. Овие активности продолжуваат и во текот на денешниот и следните денови. Во рамки на Европската недела на мобилност традиционално секоја година се организира Светскиот ден без автомобили, во чии рамки ќе биде организирано и велосипедско дефиле во Општина Аеродром.

-Подигнувањето на свеста и одржувањето на здрава и чиста животна средина е високо во приоритетите на Општина Аеродром, а токму проектот „Смарт Аеродром“ кој го најавивме пред неколку месеци има  цел да поттикне поголема мобилност и употреба на велосипедите, електричните тротинети и јавниот превоз. Паралелно со ова, а во насока на зачувување на чистата и здрава животна средина, Општина Аеродром во континуитет врши замена на постојните со фасади со енергетска ефикасност во училиштата и детските градинки и веќе втора година по ред се имплементира проектот „Clean AirDrom“, поддржан од Европската унија кој има за цел да воспостави систем за примарна селекција на отпадот во Аеродром, велат од општината.