Општина Аеродром денеска објави втор јавен повик за 2022 година за доделување финансиска поддршка на спортските клубови и спортските здруженија кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината.
Финансиската поддршка е поделена во две категории и тоа за спортските клубови и спортските здруженија кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината и за организирање и реализација на спортски манифестации.
Рокот за поднесување на пријавите е седум работни денa, почнувајќи од денеска, 21.9.2022 година до 29.9.2022 година, а огласот е објавен и на веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк http://aerodrom.gov.mk/vest/8995, на кој може да се видат условите за повикот и начинот на пријавување.