Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и Професор д-р Огнен Марина декан на Архитектонски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денес потпишаа Меморандум за соработка со кој, општината и факултетот ќе воспостават партнерство за клучни прашања во областа на архитектурата, урбанизмот, одржливиот развој и културното наследство,
Заедничката соработка помеѓу страните потписници, опфатена со овој Меморандум, подразбира взаемна помош, поддршка и услуги при изготвување, раководење и реализација на заеднички проекти и сите планови и активности и иницијативи што ќе го поттикнуваат локалниот и регионалниот развој.
После потпишувањето на меморандумот, градоначалникот Коњановски, заедно со претставници од работната група од општина Битола, која е задолжена за изготвување на новиот ГУП на општината, присуствуваа на предавањето на реномираниот м-р Џовани М. Ботини, претседател на управниот одбор и директор на „Систематика“, компанија од Милано, Италија, која има децениски искуство во изработка на современи сообраќајни модели и решенија, студии, анализи и транспортни планови кои се движат од национални транспортни системи во повеќе држави во светот, низ сообраќајни планови за одржлива урбана мобилност до сообраќајни решениjа во соработка со реномирани светски архитекти, информираат од општина Битола