Денес на мој предлог советот на општина Бутел едногласно донесе одлука за доделување на 250 илјади денари парична помош за настраданите лица во сообракајната несреќа во Бугарија.
Нема зборови со кои може да се опише оваа трагедија која ни донесе немир и тага, пишува во својата објава на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на скопската општина Бутел Дарко Костовски.