Општина Центар го казни кафулето „Интермецо“ со 6.000 евра поради гласна музика, информираат од општината.
Од таму велат дека голем број граѓаните кои живеат во близина на кафулето во населбата Капиштец, постојано се жалеле на бучавата и гласната музика која се слуша од локалот.
„Проблемот со гласната музика и бучавата од конкретниот локал се јавува веќе неколку години наназад и по сите претходно преземени мерки, односно опомени, мерења на децибелажата и предупредувања, Општина Центар изрече казна. Општина Центар нема да дозволи некој, со своето неодговорно однесување да го вознемирува населението и затоа апелира до сите сопственици, менаџери и управи на локалите на територија на општината, да се придржуваат до правилата и законските одредби за бучава и да не ги надминуваат дозволените нивоа на бучава“, велат од Општината.