Објавивме јавен повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за купување на велосипед за 2023 година, информира градоначалникот Бобан Стефковски.
„Оваа мерка ја реализираме со цел да ги стимулираме граѓаните од нашата општина за користење на велосипеди.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба, кои ќе купат нов велосипед.
Ги повикувам граѓаните на општина Гази Баба да ја искористат мерката и да аплицираат“ – посочи тој.
Јавниот повик можете да го погледнете ТУКА