Денес, 17.08.2022 година (среда) се навршуваат 120 години од раѓањето на Методија Андонов Ченто.
За таа цел Ве покануваме денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него.
Покана до граѓаните упати и градоначалникот Бобан Стефковски кој во објава на својата официјална страна на фејсбук напиша:
Запишано е дека “Држава која нема својата историја, има народ без иднина”, а Македонија има долга и богата историја која имаме должност да ја негуваме.
За таа цел Ве поканувам денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него. – напиша Стефковски
На настанот е потврдено присуството и на членови на семејството на Методија Андонов Ченто.