вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Гази Баба во недела ќе засади 3200 нови садници

Општина Гази Баба во недела ќе засади 3200 нови садници

На ден 27.03.2022 година (недела), со почеток во 10 часот, Општина Гази Баба во соработка со Здружението на граѓани Treebanks, Македонски шуми, Шумарски факултет и Јавното комунално претпријатие ГАЗИ БАБА 2007, организира акција за пошумување на дел од падините на Скопска Црна Гора во месноста наречена Сарачево, во непосредна близина на населено место Раштак.

Во рамките на акцијата планирано е да се насадат 3200 садници од листопадни видови на дрвја- јасен и багрем. Овие типови на садници се препорачани од стручните лица од Шумарскиот факултет а се согласно Студијата за заштита од ерозија на Скопска Црна Гора.

Оваа иницијална акција на Општина Гази Баба е само почеток на поголем проект со крајна цел озеленување и пошумување на цело ерозивно подрачје на територија на Општина Гази Баба. Со тоа се спречува уништувањето на квалитетната почва за земјоделие на пониските терени со наноси од еродивните подрачја, се зголемува зелениот фонд на општината и значително се влијае на подобрување на квалитетот на животната средина.

Во акцијата свое учество најавија повеќе општествено одговорни правни субјекти на територија на Општина Гази Баба.