среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Ѓорче Петров стартува со реализација на проектот „Мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација во с.Кучково“

Општина Ѓорче Петров стартува со реализација на проектот „Мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација во с.Кучково“

Општина Ѓорче Петров во соработка со Центарот за Скопски плански регион стартува со реализација на проектот “Мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација во с.Кучково“.

Вкупната должина на велосипедската патеката е 4.500 метри и 2 м ширина. Должината на пешачката патека е 8.410 метри и 1,5 метар ширина.
Почетокот на реализација на проектот го означи градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој рече дека на овој начин се насочуваме кон планинскиот туризам и убавините што ги нуди руралниот дел во нашата општина.

-Создадаваме ново прибежиште за љубителите на природата на само 16 км. оддалеченост од центарот на Скопје. Ќе им понудиме на посетителите нов простор за спорт и рекреација, урбано оплеменување на постоечкиот и неоплеменет дел во Кучково. Со проектот предвидено е и расчистување на трасата, поставување видиковци и инфоративни табли, корпи за отпад, клупи и културни знаменитости, изјави Стојкоски.

Кучково, додаде градоначалникот, ќе биде на мапата на атрактивни туристички дестинации во Македонија, онака како што ветивме пред граѓаните.

Вредност на проектот e околу 4.700.000 милиони денари од кои 10% кофинансира општината. Останатите средства ги обезбедува Центарот за Скопски плански регион.