На последната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров беше донесена Одлука за давање согласност за оттуѓување на правата на сопственост на хартиите од вредност во ФК ,,Македонија Ѓорче Петров 1932” – АД Скопје, односно Општина Ѓорче Петров ќе ги подари овие акции на ФК Македонија ЃП 1932. Оваа одлука практично придонесува клубот да креира нови перспективи кои ќе овозможат поголем развој за самиот клуб, како и привлекување на инвеститори кои би сакале да вложуваат во спортот, конкретно во ФК Македонија Ѓорче Петров 1932, објави денеска градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.
-Денеска ги посетив фудбалерите и стручниот штаб на ФК Македонија Ѓорче Петров, односно актуелните освојувачи на Купот на Македонија за 2023 година. Овие момци се гордоста на Ѓорче и со нивните резултатите тоа го докажуваат речиси секоја сезона при настапите во првенството и во Купот на Македонија.
Општина Ѓорче Петров и јас лично како градоначалник сум исклучително многу поврзан со овој клуб, поради тоа што овој колектив е гордоста на Ѓорче Петров и на сите ѓорчепетровци и сите заедно се радуваме на победите и успесите на овие момци.
На последната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров беше донесена Одлука за давање согласност за оттуѓување на правата на сопственост на хартиите од вредност во ФК ,,Македонија Ѓорче Петров 1932” – АД Скопје, односно Општина Ѓорче Петров ќе ги подари овие акции на ФК Македонија ЃП 1932. Оваа одлука практично придонесува клубот да креира нови перспективи кои ќе овозможат поголем развој за самиот клуб, како и привлекување на инвеститори кои би сакале да вложуваат во спортот, конкретно во ФК Македонија Ѓорче Петров 1932.
Оваа одлука којашто е донесена од страна на Советот, покрај тоа што ќе му олесни на клубот при управувањето, конечно ќе ја прекине лошата традиција политиката да биде вмешана во спортот. Политиката и политичарите мора да бидат настрана од спортот и во клубовите да фигурираат и да придонесуваат, исклучиво луѓе коишто се дел од спортот и коишто навистина на вистински начин ќе придонесат за развој и нови спортски успеси.
Општина Ѓорче Петров и јас како градоначалник остануваме цврста и силна поддршка на ФК Македонија Ѓорче Петров и посакуваме во иднина клубот да се развива и да прерасне во европски клуб кој ќе биде репрезент за почит насекаде во светот, а секако при тоа да биде наша најголема гордост и радост како и досега.
‼️Никакви политички подривања нема да ја нарушат атмосферата помеѓу играчите и управата, ниту пак ќе ја нарушат релацијата помеѓу општината и самиот клуб.
ФК Македонија Ѓорче Петров ќе биде повторно на врвот како што заслужува.
НАПРЕД ЃОРЧЕ!, пишува во својата објава Стојкоски.