Посветени на решавање на потребите на граѓаните, Општина Илинден почна со изградба на фекална канализација во населба Марино на улица „409“ и „410“.
Во должина од околу 500 метри почна изградбата на фекална канализација која опфаќа и ги решава проблемите на 30 домаќинства.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, направи увид во градежните активности, изградбата на фекална канализација на овие две улици, е почеток на реализација на проект кој ќе ги опфати и останатите домаќинства во овој дел од н.м. Марино.
-Со ова, ги решаваме проблемите со кои се соочуваат нашите граѓани во овој дел од општината, ги остваруваме ветувањата согласно нашата програма за работа. Општина Илинден посветено и интензивно работи на подобрување на квалитетот на живот на сите наши граѓани, ја подобруваме инфраструктурата и ја чуваме животната средина, рече тој.