четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Илинден заедно со граѓаните го креира Буџетот за 2023-та година

Општина Илинден заедно со граѓаните го креира Буџетот за 2023-та година

Креирањето на буџетот на Општина Илинден зависи од потребите на граѓаните, заеднички да се гради иднината на Општината, идеите и предлозите и тие се интегрираат во финансиската програма за работа.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиeвски преку отворени и интензивни средби во сите населени места, го слуша гласот и потребите на граѓаните, идеите кои ги добиваме преку пополнетиот прашалник ќе ги имплементираме согласно реално остварливите финансиски можности и издржливоста на проектите.

Општина Илинден е во финална фаза во креирањето на буџетот, и во наредната година ќе работи исклучиво и во служба на граѓаните, важни се Вашите предлози за подобра, модерна и просперитетна Општина.

Воедно, Општина Илинден  ги информира граѓаните дека  следниот викенд ќе организира средба во Општината  на која ги очекуваме вашите конструктивни предлози.

Граѓаните на Општина Илинден, имаат можност сите свои предлози да ги достават и преку електронски пат ([email protected]) со пополнување на прашалник на нашиот сајт www.ilinden.gov.mk, или да ги достават во архивата на Општината секој работен ден до 30.11.2022 година.