Вечерва со почеток од 19:30 часот во Дом на културата Ѓорче Петров градоначалникот на општината Александар Стојкоски ќе има отчет пред граѓаните за сработеното во изминатата година.
-Започнуваме со нова пракса на работењето во Општина Ѓорче Петров, транспарентност, отчетност, одговорност за сработеното пред жителите. Ве повикувам утре, среда 23 ноември, со почеток во 19:30 часот, да присуствувате во Дом на културата Ѓорче Петров, на презентација на отчетот за сработеното во изминатата година, објви вчера на својата Фејсбук страница Стојкоски.