вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Отпочнува со реализaција уште едно ветување на Арсовска – Мега парк од над 30 илјади м2 во Ѓорче Петров

Отпочнува со реализaција уште едно ветување на Арсовска – Мега парк од над 30 илјади м2 во Ѓорче Петров

На иницијатива на градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска Советот на Град Скопје донесе одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка со Општина Ѓорче Петров за партерно уредување и озеленување за просторот помеѓу реката Лепенец и пречистителната станица Волково.

На овој потег каде постоеше огромна дива депонија со над 10 илјади м2 која што беше истакнувана како проблем на жителите од градот долги години, сега ќе никне мега парк на површина од 30 илјади м2 кој ќе биде центар за движење со содржини за релаксација на граѓаните од тој дел.

Овој мега парк ќе за значително зголемување на градското зеленило , а скопјани ќе добијат ново зелени површини за релаксација.