среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Отстранети 45 кубни метри отпад од три скопски општини

Отстранети 45 кубни метри отпад од три скопски општини

Од почетокот на неделава отстранети се 45 кубни метри отпад од диви депонии во три скопски општини.

„Комунална хигиена“ денеска соопшти дека отпадот е подигнат од диви депонии во близина на „Македонска куќа“ во општина Карпош, на улицата „Славеј планина“ во општина Чаир, како и на повеќе локации во општина Кисела Вода.

Еко-патролата извршила надзор врз неколку микролокации на улицата „Петар Манџуков“ во скопската општина Бутел, каде е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни површини. (МИА)