среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ова е рокот кога скопјани ќе може да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата

Ова е рокот кога скопјани ќе може да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата

Од утре, 13 мај, до 28 јуни годинава, граѓаните на Скопје ќе можат да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата.

Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.

-Корисниците кои имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање, информираат ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП „Комунална хигиена“.