петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ОВИЕ делови од Скопје утре ќе останат без вода или без струја

ОВИЕ делови од Скопје утре ќе останат без вода или без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека:

Поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, на ден 08.02.2023 година (среда), без електрична енергија ќе останат следните корисници:

• Од 11,00 до 12,00ч. с.Ракотинци околу школото (о.Сопиште);
• Од 09,00 до 11,00ч. ул. Христијан Тодоровски Карпош од бр. 98 до бр.104 (о. Бутел);
• Од 10,00 до 14,30ч.корисниците од с. Чајлане и с. Паничари (о. Сарај);
• Од 11,00 до 14,00ч. корисниците околу бр.10 од ул. Фредерик Шопен (о. К. Вода );
• Од 10,00 до 12,00ч. Индустриска зона Чојлија, фирмите Џанвики и Фарма Роли (о. Петровец) и
• Од 09,00 до 14,00ч. дел од ул. Тодор Чангов бр. 4Б и бр. 44 (о. Аеродром).

Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа на ден 08.02.2023 година (среда ), без водоснабдување од 09,00 ч. ќе бидат корисниците од о. Карпош, од следниве улици: Дрезденска, Алжирска, Каирска , Борка Талевски, дел од Њуделхиска, Римска, Бахар Моис, дел од Анкарска, дел од Атинска, Панче Пешев и Наум Евро.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.