Два автомобили се оштетени откако рано изутрина голем багрем паднал врз нив. Како што пренесува Прес24, двата автомобили имаат поголеми штети, а искршени се ветробранските стакла.
Дрвото падна во скопска Кисела Вода на улицата Пушкинова, каде во март годинава во едно невреме оштетени беа поголем број автомобили поради паднати дрва.