понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Падна дрво во Кисела Вода, оштетени два автомобили (ФОТО)

Падна дрво во Кисела Вода, оштетени два автомобили (ФОТО)

Два автомобили се оштетени откако рано изутрина голем багрем паднал врз нив. Како што пренесува Прес24, двата автомобили имаат поголеми штети, а искршени се ветробранските стакла.

Дрвото падна во скопска Кисела Вода на улицата Пушкинова, каде во март годинава во едно невреме оштетени беа поголем број автомобили поради паднати дрва.