вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Партерно уредување на двoрот на манастирот „Св. Пророк Еремијa”

Партерно уредување на двoрот на манастирот „Св. Пророк Еремијa”

Општина Кисела Вода го уредува просторот околу манастирот „Св. Пророк Еремија” во населбата Пинтија.

-Во изминатите денови интензивно се работи на поплочување со павер елементи на целиот двор на вкупна површина од 510 квадратни метри. Се поставуваат нови клупи и друга урбана опрема, се уредува просторот на амфитеатарот. Градежните активности финализираат деновиве, во пресрет на патрониот празник Св. Еремија кој се прославува на 13 и 14 мај и локалното население го одбележува со бројни активности, културни манифестации и обичаи врзани со чествувањето на овој светец, се наведува во соопштението од Општина Кисела Вода.