Четврти ден како скопјани се затрупани во ѓубре откако службите на Арсовска престанаа да го чистат поради несогласување со неа.
Вчера Арсовска на прес-конференција излезе, а наместо да даде решение таа почна да раскажува за некакви „мафијашко-гангсерски“ филмови и да ја замајува јавноста.
За ситуацијата да биде потрагична, таа денес на Фејсбук објави фотографии од неколку празни контејнери и напиша, „Скопје се чисти“.
Екипа на Курир веднаш по нејзината објава излезе на терен да напави обиколка по најфрекфентните улици во главниот град.
Булеварите „Партизански одреди“, „Рузвелтова“, „Џон Кенеди“, како и улици споредни на овие булевари се затрупани во смет за кој Арсовска ни тврди дека се исчистени.