Преполни автобуски станици со деца кои доцнат на училиште, луѓе кои најавуваат телефонски дека ќе доцнат на работа, постари лица кои ги пропуштаат термините на клиника. Ни трага ни глас за огромното доцнење на автобусите од ЈСП.
Распоредот не е променет ниту на интернет страницата, ниту на мобилната апликација, а автобуси нема.
Во скопската населба Лисиче, 7-ца до Карпош не поминува повеќе од еден час иако, според распоредите, истата треба да ја има на 10 минути. Веќе два дена во периодот од 13:30 часот, на автобуските во овој дел од Скопје поминуваат само исклучени 7-ци. Првиот автобус со овој број, доаѓа во 14:40.
Граѓаните од скопската населба Драчево, се соочуваат со истиот проблем. И покрај распоредот на ЈСП, автобусот со број 41 веќе два дена се чека и по повеќе од еден час, во одредени делови во денот.
Во 7 часот наутро, веќе два месеци доаѓаат стари автобуси, кои се полни веќе по втората автобуска станица. На следните вооошто не застануваат бидејќи нема место за повеќе патници внатре. До следната 7-ца до Карпош и во овој период од денот не доаѓаат уште два автобуси, по јавно објавениот распоред. Граѓаните доцнат на работа, но грижа за нив не води никој од јавното претпријатие
На фиксниот телефонски број на ЈСП, 023174264, речиси два дена не се јавува никој од вработените. Пробавме да ги побараме и на мобилен, но во продолжение погледнете каков телефонски број имаат оставено за контакт и за пријавување на проблем. Грешен телефонски број, како грешниот распоред на автобуси.
Единствено успеавме да стапиме во контакт со оператор на телефонскиот број 0800 15 115. Од таму не беа воопшто информирани дека автобусите доаѓаат, грубо кажано, кога ќе им текне. Како оправдување наведоа дека изминативе два дена има протести во Центар, па затоа автобусите доцнат.
Но, кога објаснивме дека автобусите од Центар доаѓаат, а оние од Лисиче воопшто не тргнуваатм ни одговорија само дека ќе го пријават проблемот кај надлежните.
Во меѓувреме, граѓаните, очигледно треба да си најдат друг начин да стигнат на работа или дома, во овие делови од денот.