сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

„Петре Шилегов продолжува да се фали со проекти на претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ“

„Петре Шилегов продолжува да се фали со проекти на претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ“

Петре Шилегов продолжува да се фали со проекти на претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пешачкиот мост кој денеска Шилегов го пушти во употреба беше спремен за користење уште кога ја презема власта.

Се прашуваме дали не му е срам ма Шилегов да промовира проекти на кои едно штрафче нема ставено.

Шилегов нема реализирано ниту едно свое ветување.

Каде му се тунелите под Кале, каде му е продолжувањето на булевар Илинден со мост преку Вардар? Каде е Зип лајнот од Кале до градски парк?

До каде се ветувањата за повеќе зеленило? Секој ден гледаме како се сече некое ново дрво.

Шилегов нема направено ништо, и мизерно се слика и прави спотови со проектите на ВМРО-ДПМНЕ по кои дехидрира од плукање, се вели од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.