петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

По повод Светскиот ден на здравјето вработените во Град Скопје успешно ја завршија обуката по прва помош за работни организации

По повод Светскиот ден на здравјето вработените во Град Скопје успешно ја завршија обуката по прва помош за работни организации

По повод Светскиот ден на здравјето, вработени во Град Скопје успешно ја завршија обуката по прва помош за работни организации. Обуката ја реализираа претставници од Центарот за прва помош на Црвен крст на град Скопје, а учествуваа претставници од сите сектори на градската администрација.

Со завршувањето на оваа обука вработените се стекнуваат со основни и специфични вештини и практики од првата помош, наменети според специфичноста на работната организација.

За успешно завршената обука, Секретарот на Црвен крст на град Скопје, Сузана Тунева Пауновска на вработените им додели сертификати. Во оваа пригода, Пауновска ја поздрави одличната соработка со Град Скопје и го истакна големото значење на обуката за прва помош, изразувајќи уверување дека во наредниот период сите вработени од градската администрација успешно ќе ја завршат.