Од јануари влезот во скопската Зоолошка градина најверојатно ќе поскапи, објавува порталот Вечер.
Цената ќе се зголеми само кај билетот за возрасни и тоа од 50 денари на 80 денари. Билетот за децата останува ист 50 денари за дете, а влезот за деца до три години исто така ќе остане бесплатен.
Ова е предлогот на менаџментот на скопската Зоолошка кој ќе го достави на усвојување пред градските советници и кои ќе одлучат дали ќе има или не зголемување на цената. Како причина за барањето за повисока цена од ЗОО Скопје ги наведуваат низата инвестиции преземени изминатите месеци, како и пристигнувањето на новите животни кои носат нови трошоци.
-За цената на влезот не одговарам лично јас одговараат и градските власти. Предлогот доаѓа од мене, но предлогот ќе биде доставен кога ќе завршиме со некои инвестиции и кога ќе пристигнат новите животни тогаш ќе бараме да ја покачиме цената на картата бидејќи ќе треба храна за сите тие животни и одржување на зоолошката. Тоа би било од јануари следната година и не би било драстично зголемување плус 30 денари на билетот за возрасни, вели директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.