четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

По вчерашното несовесно сечење дрвја од непознат сторител на „Крсте Мисирков“, денеска засадени нови

По вчерашното несовесно сечење дрвја од непознат сторител на „Крсте Мисирков“, денеска засадени нови

После дојавата во Инспекторатот на Град Скопје за вчерашното несовесно сечење дрвја од непознат сторител на бул. Крсте Мисирков, екипи на ЈП Паркови и зеленило денеска интервенираа со засадување на нови садници на истата локација.

Овој случај на непрописно сечење на дрво е пријавен до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајде и санкционира сторителот.