понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Почетокот на „Пиволенд 2022“ презакажан поради невремето, еве кога ќе почне фестивалот

Почетокот на „Пиволенд 2022“ презакажан поради невремето, еве кога ќе почне фестивалот

Поради големото невреме што го зафати Скопје и околината и најавите за ново невреме во наредните денови, организацискиот тим на Пиволенд 2022 од безбедносни причини го презакажа почетокот на настанот за 3 септември.

Како што објавија на фејсбук страната на Пиволенд 2022, местото на настанот останува Плоштад Македонија, а новиот термин е од 3 до 7 септември.

Фестивалот годинава се одржува под мотото „Дојди, Види, Испиј!“, а се најавуваат повеќе од 100 видови на пиво како и настапи на над 50 музички артисти, поделени на две сцени – главна, каде ќе настапат познати домашни и балкански музички изведувачи и крафт, за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.

Организаторите на Пиволенд 2022 најавуваат атрактивни сцени за артистите, богатата локална кујна, одличната музичка програма, голем број на забавни активности и очекуваат гости од целиот регион.

Премиерен настап на Пиволенд, како што е најавено, ќе има инклузивниот рок бенд „Сол Ночиво“ во кој учество земаат млади од здружението „Во мојот свет“ кое се грижи за помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар, додека, на штандовите на градскиот плоштад посетителите ќе имаат можност да купат брендирана маица со Пиволенд 2022 и со тоа да донираат 100 денари за здружението „Во мојот свет”.

Годинашното издание на Пиволенд е во организација на Крафт продукција и Идеалаб, а со поддршка на Град Скопје.