сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Почна изградба на кружен тек на влезот во општина Илинден

Почна изградба на кружен тек на влезот во општина Илинден

Општина Илинден отпочна изградба на кружен тек на влезот на Општината, кој е еден од ветените проекти од програмата на градоначалникот Александар Георгиевски. Станува збор за нов кружен тек на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици ,,2”, ,,8” ,,9” и новопроектирана улица ,,10” на влезот во Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид на градежните работи на почетокот од изградбата и истакна дека со изградбата на овој кружен тек ќе се растерети сообраќајниот метеж во овој фрекфентен дел од општината, а воедно ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во рамки на проектот планирана е изградба на кружен тек со партерно и хортикултурно уредување како и јавно осветлување на просторот.

Дополнително улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани согласно сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај.