петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Полицијата казни 146 возачи во Скопје

Полицијата казни 146 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 18 санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 38 за непрописно паркирање…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.