Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 86 санкции, 19 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 5 санкции за возачи почетници.
Изречени се 17 за возење под дејство на алкохол, 8 за користење мобилен телефон, 5 за некористење сигурносен појас, 5 за минување на затворен сигнал (црвено светло), 34 санкции за непрописно паркирање.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.