четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Полицијата во Скопје казнила 254 возачи – од нив 54 возеле под дејство на алкохол

Полицијата во Скопје казнила 254 возачи – од нив 54 возеле под дејство на алкохол

Санкционирани се 254 возачи во засилените акциски контроли на полицијата во сообраќајот во текот на вчерашниот ден, при што за возење под дејство на алкохол се изречени 54 казни.

Четириесет и седум санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 36 за непрописно паркирање, 18 прекршоци од возачи на мотоцикли, 24 за возење без возачка дозвола. Изречени се и шест санкции за користење мобилен телефон, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 за возач почетник, осум за некористење сигурносен појас.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР во соопштение.