сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Полицијата во Скопје санкционираше 276 возачи – 145 од нив за брзо возење

Полицијата во Скопје санкционираше 276 возачи – 145 од нив за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 276 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 38 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 10 за управување под дејство на алкохол.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири прекршоци што ги чинат пешаците, 45 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.