вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Попова: Дали зад стопирањето на градбата на Луна паркот се кријат нечии бизнис интереси?

Попова: Дали зад стопирањето на градбата на Луна паркот се кријат нечии бизнис интереси?

Да не се стопираше градбата на Луна паркот до јуни ќе беше готов. Дали зад стопирањето на градбата се кријат нечии бизнис интереси, прашува Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

-За Луна паркот кој започна да се гради од минатиот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Трајановски отпочнати се градежни работи во вредност од 4 милиони евра. Тие пари се инвестиција на Градот Скопје. Шилегов сето ова го стопираше и наместо да го дофинансира проектот тој реши дека ќе бара јавен приватен партнер. Да не се стопираше проектот до јуни годинава Скопје ќе имаше нов Луна парк. Самото ова отвора и сомнеж дека можеби се работи за вносна зделка каде некому ќе му припадне инвестиција за која градот веќе вложил 4 милиони евра? И второ, нема никаква сигурност дека навреме ќе се реализира проектот и дали всушност можеби тој простор ќе се пренамени за нешто друго со цел остварување на бизнис интереси, вели таа.

Попова порачува дека јавноста бара одговори кому треба да му припадне зделката за која градот веќе инвестира 4 милиони евра?

-И дали Шилегов е сигурен дека овој Луна парк ќе се изгради? Едно е сигурно, највеќе губат граѓаните и најмладите од стопираниот Луна парк бидејќи Скопје сега нема никаков парк за забава и разонада. Дополнително Скопје ова лето осатнува и без простор за летни дискотеки за младите што ја потврдува негрижата на градот за младите луѓе, порача таа.