Јавната анкета не е дебата. Јавната анкета е само собирање на информации и податоци од граѓаните, вели советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова и додаде дека не може да се повикуваат дека направиле дебата туку анкета.
Не може да се повикувате на таа јавна анкета, дека тоа е јавноста и дека тоа е дебатата. И вчера не случајно на сајтот на Градот Скопје објавивте дека поддршка од Институтот за македонски јазик сте добиле за промена на имињата односно дека со оваа промена имиња на улици ќе добијат Блаже Конески и Славко Јаневски. Оваа е таа поддршка што требаше да ја добиете за барем 80 проценти на овие предлози кои што денеска се пред нас, истакна Попова.
Попова побара овој предлог да се повлече за некое помирно време, укажувајќи дека е голем трошок во ова време на пандемија кога граѓаните се соочуваат со трошоци, Шилегов им први дополнителен трошок и на граѓаните и на фирмите кои што ќе мора да менуваат лични документи и документи на фирми.
Ние сме гласот на народот и сме должни да ви укажеме дека треба заеднички да се договориме дека треба ова да го повлечеме за едно малку помирно време. Кога зборувам помирно време мислам на оваа пандемија. Верувајте дека на никому не му е гајле за неговата улица сега, туку дали ќе се преживее. Во услови на овие трошоци кои што ги имаме дополнително, граѓаните се плаќаат, па сега уште и фирмите да менуваат документација или граѓаните да менуваат лични карти, рече Попова.
Попова му порача на Шилегов наместо да менува имиња на улици кои едвај имаат 20тина куќи а немаат канализација и асфалт, да изгради нешто па да го именуваат сами, а тие ќе го поддржат тоа.
Не можам да не кажам дека на 80 проценти од нереализирана програма на Петре Шилегов сега ќе отвораме дискусии за улици кои што имаат 20тина куќи кои што не ни личат на улици, кои што немаат асфалт, немаат канализација, значи немаат основни услови да се наречат улици и сега ќе менувате улици. Да многу е лесно да се менуваат имињата како што лесно ги менувате имињата на многу други објекти како катни гаражи, но направете нешто па именувајте го сами, ние ќе го поддржиме со две раце. Ова е срамно, додаде Попова.