Криминалниот картел на власт го претвораат Скопје во голема депонија. Отпадот од повеќе градови од државата ќе се носи во Скопје, со што се загрозува животната средина и здравјето на скопјани, обвинува Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.
– Во скопската депонија Дрисла во моментов се транспортира ѓубре од Тетово, а истото се планира и со сметот од општина Струга. Дрисла не може и не смее да биде депонија каде ќе се носи отпад од цела држава. Тука се работи за тони и тони дополнителен отпад кој е во распаѓање и е исклучително штетен, како за животната средина, така и за здравјето на граѓаните. Скопјани не го заслужуваат тоа. Со ваквиот начин на управување на Дрисла, Скопје со сигурност ќе го дише најзагадениот воздух во државата. Квалитетот на воздухот нема да се подобрува, туку ќе се влошува. СДСМ пред изборите не им кажа на граѓаните дека планира од Дрисла да направи депонија за целата држава, истакна таа.
Попова потенцира дека СДСМ ги излажа скопјани.
-Во предизборната кампања едно од главните ветувања поради кое ја доби довербата на жителите на град Скопје беа ветувањата на чист град и чистиот воздух. Граѓаните чекаат одговори, дали Градот Скопје дозволи носење на сметот од депонијата во Струга во Дрисла? Дали позади ова се крие некаков бизнис интерес? Со оглед дека сметот ќе се подигнува во овој момент само од општини кои се под контрола на ДУИ дали ова е предмет на некој коалициски договор на СДСМ-ДУИ? Потенцираме дека Скопје не смее да стане главна депонија во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ бара картелот на власт и Градот Скопје да се откажат од замислата од Дрисла да прават депонија за цела држава. Скопјани сакаат чисто Скопје. Скопјани заслужуваат здрава животна средина и чист воздух. Никој не смее да си поигрува со здравјето на граѓаните, порача таа.