Денешната седница на советот на општина Аеродром, советниците на ВМРО-ДПМНЕ, демонстративно ја напуштија, поради, како што велат, политичкиот прогон кој власта го спроведува во Македонија против своите неистомисленици.
Имено, советниците во општината веднаш по изгласување на точките кои се од огромно значење за жителите, ја напуштија седницата, со образложение дека тоа е во знак на солидарност со приведениот советник Дејан Митровски за кого опозицијата обвинува дека е уште една жртва на прогонот кој го спроведува власта.
Првите три точки за кои гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваа на усогласувањето на бодот за платата во систематизациите кои се однесуваат на градиниките. Еден од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека сите присутни советници добро го познаваат Митровски и дека знаат и се свесни дека тој не би сторил таков криминал за каков го обвинуваат.
Дејан Митревски изминатиот период беше доста активен на политички план, а на редовните прес-конференции обзнани голем број корупциски скандали во кои лично беше вмешан градоначалникот на општина аеродром, Златко Марин.
Тој исто така е на чело на Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, комитет кој на претседателските избори и нанесе огромен пораз на владејачката СДСМ во општината.
Марин ветуваше многу, но направи малце, коментарите на граѓаните се движат во насока дека тој е продолжена рака на Зоран Заев. Тој пред се ветуваше решавање на проблемот со загадувањето на воздухот, проблем кој во Скопје можеби е и најистакнат во општината Аеродром, но за жал минатата година граѓаните дишеа „отров“.
Ветуваше и голем број инфраструктурни проекти, но повторно ни од ова ветување нема ништо.
Марин ветуваше зеленило, а дозволува сеча во општината. Улиците низ целата општина, токму оние кои требаше, според неговата програма да бидат реконструирани, се дупка до дупка.
Ова се само дел од лажните ветувања и неостварени проекти на Марин. За сите нив зборуваше јавно советникот Дејан Митровски, кој стана жртва на прогонот.