понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Последната одлука на Христовски пред да ѝ даде оставка на Арсовска: ПОКАЧУВАЊЕ на платите на сите вработени

Последната одлука на Христовски пред да ѝ даде оставка на Арсовска: ПОКАЧУВАЊЕ на платите на сите вработени

На денешната седница, Управниот одбор на ЈП Градски Паркинг – Скопје, донесе одлука за линерано зголемување на платата во износ од 2.992 денари, а одлуката ќе почне да се применува започнувајќи од 01.10.2022 година.

Оваа одлка е донесена по инцијатива на директорот Бојан Христовски и е усогласена со Синдикатот на претпријатието во текот на предходната седмица.

-Од оваа одлука бенефит ќе имаат 280 вработени во претпријатието и е од значајна поддршка во време на досега најголемата економска криза и во услови на пораст на трошоците за живот. На овој начин вработените ќе можат полесно да се соочат со предизвиците пред претстојниот тежок период за сите граѓани. Пред се сакаме да искажеме голема благодарност за грижата за вработените во ЈП Градски Паркинг до директорот Бојан Христовски за неговото несебично залагање за правата на вработените и за неговата донесена одлука пред напуштањето на функцијата директор, велат од ЈП.

Денеска навршуваат точно 8 месеци од моето именување за вд директор во ЈП Градски паркинг Скопје. На 13 јануари, оваа година беше мојот прв работен ден во ова претпријатие, а денес е мојот последен ден на оваа позиција, објави преку социјалната мрежа на Фејсбук директорот во „ЈП Градски паркинг Скопје“ Бојан Христовски.

„Влегов со план и визија, со посветеност, професионализам и со континуирана работна динамика, и сето тоа со цел да им овозможам на сите граѓани подеднаков третман и подобри услови за услугите кои ги пружа ова претпријатие.

Но сепак морам да истакнам дека градот Скопје е комплексен систем на институционално управување во кои се испреплетени повеќе фактори. Тимската работа на градоначалникот и јавните претпријатија е неопходна, токму затоа нарушената координација е сериозна опасност за непречено функционирање на скопската локална самоуправа, а тоа е секако на штета на граѓаните. Дополнително вчера бевме сведоци на политичко-медиумска конструкција против директорот на едно јавно претпријатие и секретарот на град Скопје, при што без никакви факти и аргументи истите беа експресно „елиминирани“.

Значи тоа се случува кога мерило за успехот не се резултатите, туку игрите кои се рефлексија на други поинакви интереси од колективните. Сето ова покажува дека многу малку или воопшто не се посветува внимание на она што беше ветено пред граѓаните за модерно Скопје, и јас како поединец и покрај бројните резултати за кус период не сакам да бидам дел од систем каде приоритет не се нашите цели и проекти, и каде нема поддршка од Градот ниту пак има нормална комуникација со градоначалникот. Затоа поради незаинтересираноста на првиот човек на градот за потребите на скопјани и градски паркинзи, како и поради драстично намалената поддршка на проектите кои со сопствени средства ги реалираме денес, поднесувам неотповиклива оставка од позицијата вд директор на ЈП Градски паркинг – Скопје“ – истакна тој.