понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Поставена нова сообраќајна и санирана оштетената опрема во Градскиот парк

Поставена нова сообраќајна и санирана оштетената опрема во Градскиот парк

Екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, во текот на изминативе денови активно работат на уредување на сообраќајната и на урбаната опрема во Градскиот парк. Санирани и обоени се сите рампи во паркот, а поставени се и нови кај Сточарскиот институт и пред хотел „Канет“.

Санирани се оштетените заштитни столпчиња пред бараките на Град Скопје, кај мостовите и поставени се нови на влезот од Градскиот парк.

Рампите и заштитните столпчиња треба да го спречат непрописното паркирање и воопшто пристапот на возилата во пешачкиот дел од Градскиот парк.

Екипите на ЈП Улици и патишта поставија и држачи за велосипеди кај лавиринтот во првиот дел од Градски парк, каде што е обновена и ризлата на патеките, а една патека околу лавиринтот е асфалтирана.

Во првиот дел од Градски парк санирана е оградата на мостот, а при крај се активностите за санација и на плочникот околу споменикот Гоце Делчев.

Екипите и во наредните денови ќе ги продолжат активностите во Градскиот парк, со обновување на ризлата на пешачки патеки во првиот дел и со санација на сите оштетени елементи кои ќе бидат пријавени.