недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Повеќе функционери отколку жители на средбата со граѓани во Шуто Оризари – Ромите разочарани од Шилегов: „Не давате социјално, а барате гласови“

Повеќе функционери отколку жители на средбата со граѓани во Шуто Оризари – Ромите разочарани од Шилегов: „Не давате социјално, а барате гласови“

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Петре Шилегов заедно со кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари Асан Ферат вчера вечер имаа средби со граѓаните од оваа општина.

Според видеата и фотографиите достапни на јавноста, на средбата тие беа повеќе придружувани од функционери отколку од самите граѓани на Шуто Оризари. Присутни на настанот беа и носителот на советничка листа за град Скопје, Софија Пејкова, министерот за правда, Бојан Маричиќ, државниот секретар за правда, Мухамед Точи, носителот на листа за Шуто Оризари, Неџмије Саитова, пратеничката Љатифа Шиковска и целата општинска организација на Шуто Оризари.

Несомнено, жителите на оваа општина се разочарани од лицемерието на градскиот татко Петре Шилегов кој повеќе од очигледно е дека доаѓа да ги посетува само за време на избори и кога му требаат гласови. Ромите својот револт и разочараност од политиките на Шилегов кон Шуто Оризари, го изразија преку многу бројните негативни коментари на страната на ромскиот веб портал 24vakti, кој емитуваше во живо од самата средба, но и со тоа што не присуствуваа на истиот настан.

„Само за Данела Арсовска“, „На Ромите не им давате социјално, а гласови барате, мрш“, „Пред избори сега се ќе ви ветат, Шилегов после 4 години во Шутка само за гласови. Ве купуваат многу ефтино, човекот ви кажува колку сте му важни а после избори не ве познава, срамота за вас Ромите ако гласате за овие предавници“, „Сите продадени души“ се само неколку од многуте негативни коментари кои следеа во лајв видеото од средбата со граѓани на Шилегов и Асан Ферат.