сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Повеќе улици во Скопје утре ќе бидат затворени- да се почитуваат наредбите од полицијата

Повеќе улици во Скопје утре ќе бидат затворени- да се почитуваат наредбите од полицијата

Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот, поради официјална посета на претседателката на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република, Маркета Пекарова Адамова.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.