понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Повлечени сите автобуси на ЈСП

Повлечени сите автобуси на ЈСП

Од сообраќај се повлекуваат сите автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, откако рано утринава преку електронска пошта е добиена дојава за поставена бомба.

На вработените не им е дозволено да дојдат до своите работни места до целосна проверка на просторот.

Екипи на МВР се веќе на терен, се проверува просторот и автобусите.

Инаку, вработените на ЈСП за денеска најавија протест поради неисплатени плати.